| четврток, 6 декември 2018 |

За плачкото Хвид судиите се виновни за поразот од Металург

hvidt

Еден од најслабите поединци во двете пресметки меѓу Металург и Колдинг, легендата на данскиот ракомет, Каспер Хвид, причината за двата убедливи порази ја најде – кај судиите.

За данскиот весник „Екстра Бладет“ тој вели: „Македонците имаат неверојатно влијание врз ЕХФ и врз судиите, така беше во Скопје, така и на овој меч. Одново им беше дозволено да играат многу бавно, а судиите воопшто не го санкционираа тоа. Не можам да разберам како може еден македонски ракометар да лежи на теренот 20 пати, да го задржува времето, а потоа ниту еднаш да не биде заменет. Очигледно е дека тој не беше повреден, но судиите, сепак, го толерираа тоа“.

„Плачењето“ на Хвид официјалниот веб-сајт на Металург го коментира на следниот начин:

– Не сме знаеле дека имаме толкаво влијание во ЕХФ, уште помалку ни е јасна, и помалку смешна, алузијата за нашето влијание кај судиите, но затоа, пак, целиот свет ја виде грубата игра на Колдинг, ќотекот што го „изедоа“ буквално сите наши ракометари, а повторените снимки покажаа дека „секое лежење“ на ракометарите на Металург беше последица на груб фаул, не секогаш санкциониран од судиите. Хвид изгледа не забележа како беа изнесени Георгиевски, Димовски, Атман… А тие што „по лежењето“ останаа на теренот, останаа затоа што се борци и затоа што беа дојдени да му ја полнат мрежата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top