| четврток, 6 декември 2018 |

Арената „Ланксес“ во Келн ги чека Македонците, има билети за ракометниот фајналфор

Арената „Ланксес“ во Келн е подготвена за големиот ракометен спектакл на 31 мај и 1 јуни, а историска шанса за прв настап на завршницата од Лигата на шампионите имаат и Вардар и Металург.

Двата македонски претставници ќе играат во четврт-финалето, можен е и меѓусебен дуел, а билети сѐ уште има за популарниот Ф4.

tickets_2

 

Капацитетот на арената „Ланксес“ е околу 20 илјади, а влезници има за различни сектори и позиции во салата. Интересно е што ЕХФ одлучи да почести 50 симпатизери на ракометот со дополнителни влезници кои чинат 240 евра, а ќе се продаваат на 10 април преку интеренет.

Понуда за откупување на пакетот од околу 500 влезници ќе добијат и четвртфиналистите, меѓу нив и Вардар и Металург, а можат да ги купат само во случај да се пласираат на завршниот турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top