| четврток, 6 декември 2018 |

Тренерот на Хамбург: Вардар беше подобар, тоа многу боли!

hamburg

Видовме уште во првиот круг дека играме против многу силна екипа. Видовте уште од почетокот дека ни беше тешко затоа што целата наша игра функционираше лошо. Или одбраната беше добра и губевме топки напред, или бевме добри напред, а во дефанзива правевме грешки. Честитки за Вардар, изјави тренерот на Хамбург по вчерашната елиминација на европскиот шампион.

– Бевме за чекор побавни од нив. Вардар постојано ја зачинуваше играта со разновидност. Ние имавме неколку играчи на кои не им беше добар денот и затоа Вардар нè победи, а тоа многу боли. Сакавме да одиме во Келн, но Вардар беше за нијанса подобар и затоа заслужува да оди во четвртфиналето – изјави Мартин Швалб, тренерот на Хамбург.

Не беше многу расположен ниту првиот стрелец, Штефан Шредер.

– Не е лесно да најдам зборови по еден ваков натпревар. Сите се прашуваме зошто овој натпревар отиде во оваа насока. Вардар прикажа храбра и добра партија. Ние се обидовме со сѐ. Мечот беше отворен во моменти од вториот дел, но ние правевме едноставни грешки во решавачки моменти. Разочарани сме што нема да играме во последните четири, многу боли – вели десното крило на Хамбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top