Македонскиот ракометен шампион Вардар во реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Хамбург на гостински терен води со 17-15. Одличен резултат по првото полувреме за избраниците на Раул Гонзалес.
Првиот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје заврши нерешено 28-28. На црвено-црните им оди во прилог и многуте дадени голови во првиот дел бидејќи и во случај на нерешен резултат со повеќе од 28 голови дадени тогаш Вардар ќе се пласира во четвртфиналето. Најефикасен кај вардарци е капитенот Филип Лазаров кој постигна пет гола. На голот е феноменалниот Петар Ангелов кој не дозволи Хамбург резултатски да се одлепи.
Стојанче Стоилов заработи повреда на коленото и е надвор од теренот.
Во првиот дел судиската двојка имаше неколку крајно сомнителни одлуки на штета на Вардар. Во вториот дел вардарци ќе се обидат да ја продолжат одличната игра против европскиот шампион Хамбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


