| четврток, 6 декември 2018 |

Металург го торпедираше Колдинг, ново четврфинале за тимот од Автокоманда

Нова победа во осминафиналето за македонскиот претставник во Лигата на шампионите. Металург и во реваншот во Данска против Колдинг успеа да слави победа со 30-26.
Во сите 60 минути избраниците на Лино Червар покажаа дека заслужуваат да бидат дел од осумте најдобри екипи во Европа.
По високата победа во Скопје кога успеа да слави со шест гола разлика, играчите на Металург со ладни глави влегоа во овој натпревар. Сите играчите го дадоа максимумот. Почнувајќи од Дарко Станиќ кој нанижа нови 12 одбрани преку бедемот во одбраната Велко Марковски и Ацо Јоновски продолжувајќи во нападот со Ренато Вугринец, Павел Атман, Лука Циндриќ…
Симпатизерите и сите вљубеници во ракометот и спортот воопшто, треба да бидат задоволни од прикажаната игра и пласманот во четвртфиналето.
Ренато Вугринец кој е лидер на листата на стрелци во Лигата на шампионите so 84 гола на овој натпревар постигна девет. Овој пат друштво во нападот му правеше рускиот репрезентативец Павел Атман исто така со девет погодоци. Русинот докажа дека се работи за вонсериски играч иако не целосно закрепнат од повредата. Големиот Лино Червар беше приземен кога ги повикуваше тајмаутите помагајќи им на играчите да ги смират страстите и со мали корекции во играта им наметна темпо на своите играчи кои без поштедно ги изиграа сите 60 минути.
За одбележување е повредата на десното крио Гоце Георгиевски кој го повреди левото колено. Да се надеваме дека не се работи за сериозна повреда и дека тој ќе може да им помогне на своите другари од тимот во натпреварите од четвртфиналето.
На крајот на натпреварот играчите почнаа да се забавуваат на теренот, да ја бацуваат топката да реализираат напади од цепелин, да слават на клупата.
Во играта на Металург не може да се издвои ниту еден играч. Сите одиграа како едно големо семејство и со ваков пристап на играта може да се надева и на пласман во самата завршница во ова натпреварување, Фајнл-фор турнирот во Келн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top