| четврток, 6 декември 2018 |

Зиков во единица, Бучковски во двојка, Николовски во тројка – кандидатските листи на позитивците

Ljupco-Zikov-int-2014-3

И Алијансата за позитивна Македонија синоќа ги поднесе кандидатските листи за претстојните парламентарни избори. Во скопска единица прв на листа е лидерот на партијата Љупчо Зиков, заедно со доцент д-р Александра Србиновска – Дончевски и педијатарот Ангелчо Андоновски.

Во втората изборна единица носител ќе биде претседателот на главниот одбор на АПМ, Владо Бучковски, а второ и трето место на листата се економистката Ирена Тричковиќ и професорот на Медицинскиот факултет, Филип Дума.

Третата изборна единица ја предводи пензионираниот генерал Илија Николовски, кој е претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, коалиционен партнер на АПМ. По него на листата се адвокатот Асмир Алиспахиќ и стопанственичката Маријана Перковска.

Во четворка носител е членот на извршниот одбор на АПМ Дане Јованов, следуваат адвокатката Кети Петкова и менаџерот на винарницата „Стоби“, Аневски Ѓорѓи Бебеџаков.

Во петтата изборна единица носител е членот на главниот одбор на АПМ, доц.д-р Игор Камбовски. Пензионираниот генерал Филип Котели и архитектката Павлинка Бендевска се на третото и на четвртото место од изборната листа.

Прв во шестка е стопанственикот Џевџет Хаљими, а зад него се правникот Енвер Исени и филологот Лидија Каранфиловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top