| четврток, 6 декември 2018 |

Зиков си замина од позитивците

Ljupco-Zikov-1Љупчо Зиков си поднесе оставка на претседателската функција на Алијансата за позитивна Македонија. Тој денеска до Главниот одбор на партијата ја достави писмената оставка во која покрај другото наведува дека е незадоволен од функционирањето на партијата.

– Оставката ја поднесувам заедно со поголем дел од членовите на Извршниот одбор. Мојата и нашата проценка е дека не постои брз начин за надминување на проблемите и блокадите во Алијансата. Вака поставена, Алијансата нема услови да ја реализира својата визија и програма која беше основниот фундамент околу кој се собравме во јуни 2013 година, се наведува во писмената оставка што ја поднесе Зиков до партијата.

Во недела ќе се одржи седница на Извршниот одбор на партијата на која се очекува и официјално да биде верификувана неговата оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top