| четврток, 6 декември 2018 |

Димитар Мирчев: Македонската надворешна политика се стабилизира

Тој додаде дека пресудата на меѓународниот трибунал во Хаг докажа дека ние сме во право со нашите принципи на градењето на односи и со нашиот јужен сосед и со другите соседи

мирчев

Универзитетскиот професор Димитар Мирчев смета дека македонската надворешна политика се стабилизира и покрај тоа што имаме спор за името. Надворешната политика е проактивна во однос на светот, меѓународните организации, ОН, во Европа и регионот, како и во меѓусосетските односи.

– Тоа не е случајнот, и претседателот и владата досега водеа проактивна политика на отвореност кон сите и мислам дека тоа даде битни резултати. Ние имаме огромна поддршка во ЕУ, меѓу најмногу членки на Унијата. Морам да кажам дека многу успешно претседававме со Советот на Европа, бевме многу активни во ОБСЕ, станавме членка на Советот за човекови права при ООН, претседававме со процесот на соработка во југоисточна Европа. Пораката „Македонија во Европа, Европа во Македонија“ е една од битните пораки на претседателот, и според него тоа значи дека ние ја очекуваме Унијата или Европа во Македонија, како што и ние се трудиме да се насочиме кон брз влез во ЕУ. Мислам дека таа порака многу значи како што значи и пораката „Отворени кон сите“. Европа и ЕУ не е нашата судбина туку определба и ние сакаме соработка на што е можно поширок план. Тоа е многу битно и за внатрешните реформи за економски план и за соработката со сите наши партнери, бидејќи тие се само од ЕУ, туку и САД, Кина, Руската федерација, азиските и арапските земји – изјави Мирчев.

Тој додаде дека пресудата на меѓународниот трибунал во Хаг докажа дека ние сме во право со нашите принципи на градењето на односи и со нашиот јужен сосед и со другите соседи.

-Мене ми е жал што се уште не сме ги капитализирале сите последици од таа пресуда, меѓутоа таа ја докажува нашата принципиелност. Би требало да инсистираме и понатаму, а тоа претседателот го прави, на материјализација на оваа пресуда. Претседателот има најмногу уставни надлежности во подрачјето на надворешната политика, во претставувањето и застапувањето на земјата, и во областа на одбраната и безбедноста. Знаеме дека тој е врховен командант на армијата, исклучително добро комуницира со одбранбената и безбедносната структура, па и со другите гранки на власта, да кажеме законодавната власт и нема никакви основи да се претпостави дека би се изменило нешто во таа соработка – истакна Мирчев.

Според него, големо достигнување е тоа што тој како орган на извршната власт Претседателот исклучително добро соработувал со владата и со другите органи на извршната власт.

-Тој даваше отчет еднаш годишно на собранието, меѓутоа и на јавноста. Тие отчети, ова можам да го тврдам и како професор, имаа голем ефект. Сите анкети покажаа дека таа негова улога и достигнувања високо го ценат граѓаните. Само да спомнам дека три четвртини од граѓаните сметаат дека тој чесно, одговорно, професионално, ја вршел својата должност во интерес на државата и на нацијата. Тоа е негова цврста определба во наредниот период ќе остане таа линија, порача Мирчев од Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top