| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ со пораз ја заврши годинашнава сезона во АБА лигата

Во најважниот натпревар за „металците“ ова сезона избраниците на тренерот Мартич потклекнаа под императивот победа.
МЗТ Скопје денеска загуби во СЦ „Борис Трајковски“ од Раднички Крагуевац со 87-95. Со овој пораз МЗТ не успеа да го задржи шестото место на табелата кое обезбедуваше директно учество во Еврокупот второто по ранг натпреварување по капата на ФИБА во следната натпреварувачка сезона. Тоа значи дека МЗТ Скопје следната сезона во македонското првенство можно е да се натпреварува од првото коло и да не биде привилегиран.
Натпреварот одлично го започнаа сините од Аеродром и поведоа во првата четвртина со 20-17. Продолжението не беше како што посакуваа повеќе илјадната публика во салата. Гостите од Крагуевац набрзина постгинаа неколку поени и го преземаа водството до полувреметно диктирајќи го темпото на натпреварот. Во третиот период од играта крагуевчани ја направија клучната разлика од 18 поени и рутински го привршија натпреварот до крајот.

Македонската кошаркарска легенда Тодор Гечевски го одигра последниот натпревар во ова натпреварување бидејќи најави повлекување од АБА лигата.
Победата на Раднички не му значи ништо но сепак не попуштија пред притисокот од навивачите на аеродромци.
МЗТ Скопје беше ослабен со неиграњето на суспендираниот Чековски и повредениот Маринковиќ.

Тодор Гечевски се прости со 16 поени и беше најефикасен кај МЗТ, 14 коша постигна Шеховиќ додека Синовец и Стојановски додадоа по 12.
МЗТ сега е на седмата позиција заедно со КРКА. Во случај Игокеа да го загуби последниот натпревар тогаш сите три екипи ќе имаат скор до 12 победи и 14 порази и ќе се направи мини табела од која МЗТ излегува најдобро пласиран и сепак ќе има можност и догодина да игра во Европкупот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top