| четврток, 6 декември 2018 |

Куче нападнало шестгодишно детенце во Гостивар

Шестгодишно детенце од гостиварското село Топлица завршило в болница откако било нападнато од куче-бездомник.

Како што јавува „Кисс“, несреќниот настан се случил вчера попладне, откако кучето без причина се нафрлило врз детенцето додека тоа се возело на велосипед.  Го соборило на земја и го каснало на левиот колк, при што детенцето завршило со повреди и модринки на лицето.

Детенцето веднаш било однесено в болница каде што му била пружена лекарска помош, а потоа било пуштено на домашно лекување.

Случајот во полиција го пријавил таткото на детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top