| четврток, 6 декември 2018 |

Кој албански лидер се согласил да се симне цензусот за претседател од 50 на 40 проценти?

Во албанскиот блок сè уште едно од главните прашања меѓу партиите е кој го симнал цензусот за избор на претседател од 50 на 40 проценти  и со тоа на Македонците им овозможил да можат сами да изберат претседател.

Лидерот на ДПА Тачи завчера ја обвини ДУИ дека таа го намалила цензусот за избор на претседател од 50 на 40 проценти.

– Кој го промени законот за претседателските избори, цензусот од 50 проценти да се намали на 40 проценти? Груевски и Ахмети во 2009 година – рече Мендух Тачи, претседателот на ДПА.

Лидерот на ДУИ, пак, од Струга одговори со својата вистина. Според него, одлуката била донесена во 2008 година со согласност на четирите лидери на главните политички сили во земјава, вклучувајќи го и Мендух Тачи.
– Слушам дека, наводно, ДУИ го намалила цензусот од 50 на 40 проценти. Почитувани браќа и сестри. Вистината е дека таа одлука беше донесена во присуство на четирите лидери на политичките партии во 2008 година. Присутни беа господин Црвенковски, како шеф на државата во тоа време, премиерот Никола Груевски, Зоран Заев, како в.д. претседател на СДСМ, јас Али Ахмети, господинот Мендух Тачи и мојот пријател Џеват Адеми – изјави Ахмети во Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top