Кога еден кандидат за Претседател на државата повикува на обединување на сите граѓани без разлика на нивната национална или било која припадност, кога на неговите говори ги спомнува припадниците на етничките заедници кои живеат во Р.Македонија, никогаш досега, не сме слушнале да ги спомне и Египќаните, смета овластениот претставник на Египќаните во земјава, Демир Далип.
– Единствено, што слушнавме дека некој мисли и ги смета Египќаните за посебен, автентичен и автохтон етникум во Р.Македонија, беше премиерот Никола Груевски, кој со самото спомнување, даде јасна порака дека мисли и има почит и одговорност и кон припадниците на етничката заедница на Египканите во Македонија, кои ги има над 30.000, вели Далип.
Тој додава дека Египќаните во Македонија, заслужуваат подеднакво да бидат третирани од сите кандидати за Претседател, но очигледно некои од нив, ја немаат таа ,,привилегија,, да бидат запознаети со ова етничка заедница, инаку лојални грагани на Р.Македонија.
-Во ова насока, сакам да истакнам дека мојот народ, нема да заборави и на фактот дека проф др Ѓорге Иванов, на два пати имаше неформални средби, со делегации на Египканите во неговата резиденција, каде даде подршка во нашите напори, да бидеме соодветно и адекватно интегрирани, истакна Демир Далип , овластен преставник на Египќаните за надворешна соработка во својата реакција испратена до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.