Др. Андон Чибишев на гостувањето на отвореното студио пред почетокот на митингот во Кавадарци зборуваше за причините поради кои е дел од оние кои ја подржаа втората кандидатура на Ѓорге Иванов.
Др. Чибишев изјави дека иницијативата за подршка на претседателот Иванов, потекна многу спонтано, помеѓу неколку колеги од Клиничкиот центар, во неврзани разговори, во консултации се родила идејата, да застанат зад повторното кандидирање на претседателот Иванов за втор мандат.
-Значи тоа беше во периодот кога не се знаеше кои партии кого ќе кандидираат, ние се договорвме да се обидеме да му дадеме поддршка и морам да ви признаам дека добивме таква огромна поддршка, таков голем интерес за поддршка за повторен мандат на претседателот Иванов што дури и ние бевме многу пријатно изненадени, изјави Др. Чибишев.
Тој ги спомена и неговите лични причини поради кои застанал зад кандидатурата за втор мандат на претседателот Иванов.
-Се работи за врвен интелектуалец, универзитетски професор, кој целиот свој живот го има посветено на науката, на едукацијата на кадрите, на оспособување на млади луѓе кои после него ќе ја продолжат онаа работа што тој ја работи во моментот во неговата матична установа каде што е вработен, посочи Др. Чибишев.
Тој додаде дека пресудни биле и неговата човечност, негувањето на семејните вреднсоти и хуманоста кои не само тој туку и целото негово семејство ја покажале во изминатите 5 години.
-Гледате, кога претседателот оди некаде надвор од државата, со него носи една армија бизнисмени и една армија експерти за економија, додаде тој и изјави дека не се сомнева дека и во иднина ќе ги вложи сите напори за економска промоција на Македонија, за нови странски инвестиции и за отварање нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


