Задрани со носталгија се сеќаваат на шампионските денови на нивниот клуб КК Задар кога во клубот царуваше Златното Опавче, Тодор Гечевски, пишува специјализираниот кошаркарски портал „Крошарка“.
– На Тоше му остана само уште еден натпревар во Јадранската лига. Од следната сезона нема да имаме можност да го гледаме великанот, освен ако не се премисли поради огромната љубов кон кошарката – пишува Лука Марин Вуцо, авторот на текстот посветен на Гечевски.
Тодор утре, од 19 часот, за последен пат ќе настапи во Јадранската лига во дресот на македонскиот шампион МЗТ Скопје. За 36-годишниот крилен центар дуелот со Раднички Крагуевац ќе значи збогум, а по тој повод раководството на клубот одлучи влезот да биде бесплатен во салата „Борис Трајковски“.
Целиот текст посветен на Гечевски во „Крошарка“, можете да го прочитате тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.