| четврток, 6 декември 2018 |

Шокатни фотографии на мис универзум: претепана и крвава

mis univerzum1

Атрактивната Венецуелка која ја има титулата мис универзум за 2009 година, Стефани Фернандез, ја шокираше јавноста со нови фотографии на кои се појавува со круна на глава, но крвава, валкана, заврзана и во плач. Овие фотографии се направени за кампањата која има цел да ја подигне свеста за кршење на човековите права во Венецуела.

mis unoverzum

Фотографиите симболизираат насилство врз луѓето во Венецуела и убиени лица во антивладините протести. Кампањата се вика: „Твојот глас е твојата моќ“.

Досега во антивладините протести се убиени 28 лица. Фернандез и фотографот Даниел Брачи планираат да ги искористат социјалните мрежи за да ја прошират кампањата против моментната политичка ситуација во Венецуела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top