| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Петров даде рекордно брз гол за 5 секунди, ама ќе се изначекаме да го видиме

Филип Петров е новиот рекордер во македонскиот фудбал, постигна гол во петтата секунда за Вардар против Македонија Ѓорче Петров и тоа во средата, а за да го видиме историскиот момент, веројатно ќе почекаме уште некој ден.

Натпреварите од македонското првенство се снимаат бидејќи сите прволигаши имаат обрвска да ги достават видеоматеријалите до Фудбалската федерација на Македонија, но сето тоа е недостапно за обичниот гледач. Никому не му текнува да го понуди најбрзиот гол во историјата на македонскиот фудбал за аудиториумот во нашата земја.

Затоа експресно брзо го видовме историскиот гол во Примера дивизион во Шпанија, на Сејду Кејта од Валенсија постигнат за само 7,6 секунди против Алмерија. Тоа е рекорд во шпанското првенство, постигнат е еден ден подоцна од тој на Петров, во четвртокот, а веќе го вртат сите ТВ-станици во Европа и го има на „Јутјуб“.

Кај нас работите одат бавно, ниту ФФМ го понуди голот, на официјалната клупска страница на Вардар го нема, а Македонија Ѓорче Петров не ни има свој веб-сајт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top