| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски ѝ затвори врата на СДСМ

LIDERI-5-Stevce-Jakimovski

Јакимовски не ги прифатил понудите на претставниците од „Бихаќка“ и поранешните пратеници на СДСМ нема да се најдат на неговите листи бидејќи не мисли дека ќе ѝ донесат нешто добро на неговата партија. Според последните информации, во коалиција со ГРОМ на Стевче Јакимовски ќе биде и Либералната партија на Ивон Величковски, пишува „Вечер“.

Поголема група доскорашни и поранешни пратеници од опозициската СДСМ, како и општински лидери од оваа партија деновиве контактирале со претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски и побарале од него да бидат ставени на пратеничките листи на оваа партија, пишува „Нетпрес“.

Според извори на порталот, тие на Јакимовски му рекле дека веќе не сакаат да бидат дел од опозициската СДСМ бидејќи, како што тврделе, биле крајно разочарани од пратеничките листи што ги објави оваа партија. Исто така, навеле и дека имало голема поделеност како меѓу раководството, така и меѓу членството во СДСМ. Тие понудиле зголемување на бројот на членството во ГРОМ, како и на гласачкото тело бидејќи навеле дека, сепак, се една поголема група, неколку десетици, и дека имаат долгогодишно искуство.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top