Продолжува предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.
Ѓорге Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“, ќе одржи митинзи во Велес, Неготино и во Кавадарци, како и помали митинзи во Градско и во Росоман.
СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски, најавува средби со граѓани во Шуто Оризари, Чучер Сандево, Чаир и во Бутел.
Средби со граѓани ќе одржи и ДУИ, во Тетово и во пет општини во Тетовско, а ДПА со кандидатот Иљајас Халими ќе се претстави на митинг во Дебар.
Коалицијата ГРОМ, со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинзи во Злетово, Кратово и во Пробиштип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.