| четврток, 6 декември 2018 |

Според анкетата на „Шпигел“, Германците ја поддржуваат Меркел во намерата да не воведува санкции кон Русија

Поголемиот број Германци имаат разбирање за  руската анексија на Крима и 54 проценти од испитаниците сметаат дека Западот треба да го прифати припојувањето на Крим кон Русија, покажала спорведената анкета за политичкиот магазин „Шпигел“.

Според таа анкета, 55 проценти од Германците имаат делумно или потполно разбирање за тоа дека рускиот претседател Владимир Путин, Украина, односно Крим ги смета за интересни зони. Но, 60 проценти од анкетираните сметаат дека реакциите на Западот кон Москва се примерни, додека 34 проценти сметаат дека американско-европските санкции се претерани.

Со ова Германците се изјаснија како и нивната канцеларка, т.е. дека немаат ништо против германските фирми да соработуваат со руските. Тој став на Меркел е по повод средбата на извршниот директор на германскиот концерт „Сименс“, Џо Каесера, со рускиот претседател Владимир Путин, кој се поклопи со повиците за воведување санкции кон Русија, но и со изјавата на самата Меркел дека украинската, односно кримската криза треба да се решава со дипломатија, без наметнување економски санкции.

Истовремено, Меркел во Берлин рече дека Западот сѐ уште не ја достигнал фазата која подразбира наметнување економски санкции кон Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top