| четврток, 6 декември 2018 |

Товарен брод под команда на Украинци удри во пристаништето во Риека

Товарен брод долг 139 метри, што плови под малтешко знаме, под команда на Украинци, поради преголемата брзина, удри во пристаништето во Риека, соопшти Капетанијата на пристаништето.

Во соопштението на капетанијата на пристаништето во Риека се наведува дека е оштетено пристаништето и дека е отворена истрага за причините на несреќата.

Во несреќата нема повредени, а предизвикана е само материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top