Судот во Загреб е донесл одлука старателството над малиот Александар, синот на пејачката Северина да и припадне на пејачката. Донесена е и одлуката таткото, бизнисменот Милан Поповиќ да и плаќа на Северина месечна алиментација од 2000 евра.
Адвокатот на Милан изјавил дека нема да се жали на одлуката, бидејќи е важна само добрата состојба на детето.
Адвокатката на Северина пак, изјавила дека таа е задоволна што детето и припаднало на мајката, но дека ќе се жали за висината на алиментацијата.
Задоволни сме што детето останува кај мајката, тоа го баравме. Но детето може да оди надвор од Хрватска за да може да се види со таткото, што според нас не е добро, бидејќи не може да биде без мајката повеќе дена. Алиментацијата е премала, на тоа ќе се жалиме. Не се малку пари кои не би ги задоволиле потребите на детето, туку се работи за тоа што детето и таткото мораат да ја делат истата финансиска судбина, а со оглед на тоа дека неговите финансии се силни, сметаме дека надокнадата треба да биде поголема, изјавила адвокатката на Северина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!