| четврток, 6 декември 2018 |

Македонките убедливо поразени во Русија

rakomet zeni

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз во првото коло од квалификациите за Европското првенство што во декември ќе се игра во Хрватска и Унгарија.

Македонките беа убедливо поразени со 36-23. Во текот на поголемиот дел од натпреварот Македонија имаше негатива од 5 до 8 голови, но во последните 15 минути Русинките додадоа гас, па така на крајот мечот го завршија со највисоката разлика.

Следниот напревар од квалификациите Македонија го игра во сабота во Скопје, а противник е повторно Русија. Натпреварот ќе се игра на Кале со почеток од 17.45 часот.

Во 7. група, покрај Македонија и Русија е и репрезентацијта на Германија.

До­се­га се оди­граа две сред­би, Гер­ма­ни­ја ја по­бе­ди Ру­си­ја со 32-27, а возвратниот натпревар го добија Ру­син­ки­те  со 29-28. Пласман на ЕП во Хр­ват­ска и во Ун­га­ри­ја обезбедува само првиот во групата. во де­кем­ври.

Ме­че­ви­те на Ма­ке­до­ни­ја со Гер­ма­ни­ја се на 11 и на 14 ју­ни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top