Заврши парницата меѓу пејачката Северина и нејзиниот поранешен партнер. Сепак, Северина ќе поднесе жалба на износот на алиментација, вели нејзиниот адвокат.
Милан Поповиќ се појави пред Семејниот суд во Загреб во придружба на неговите адвокати, а Северина Вучковиќ ни овој пат не се појави за да ја слушне конечната одлука.
Старателството над двегодишниот Александар ѝ припадна на Северина, додека Милан ќе може да биде со него секој втор викенд, максимум по пет ден и ќе може да го носи надвор од државата.
На Северина ѝ припадна и алиментација во износ од 15 илјади куни (околу 2.000 евра), а нејзината адвокатка најави дека ќе поднесе жалба на таа одлука, како и на одлуката за дозволата Поповиќ да го носи Александар надвор од Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!