Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на турнирот од Мастерс серијата 1000 во Мајами откако за 62 минути го совлада италијанскиот тенисер Фабио Фоњини со 6-2, 6-2.
Изненадување во осминафиналето направи Украинецот Александар Долгополов кој го победи третиот тенисер во светот, Швајцарецот Станислас Вавринка со 6-4, 3-6, 6-1.
Минатогодишниот финалист на турнирот Давид Ферер, не успеа да искористи четири меч топки против Кеи Нишикори и на крајот го загуби мечот со 6:7, 6:3, 6:7.
Нишикори во следната рунда за противник ќе го има Роџер Федерер кој го декласира Ришар Гаске.
Победа во два сета забележа и Милош Раониќ против Бенџамин Бекер, негов противник во четвртфиналето ќе биде првиот светски рекет Рафаел Надал, кој во два сета го прегази Фабио Фоњиини.
Меѓусебен дуел во четвртфиналето изборија Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, кои остварија победи над Томи Робредо односно Жо-Вилфред Цонга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


