| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски во Кочани: Нема да правам разлика меѓу луѓето

Zaev i Pendarovski  Konvencija sdsm 2014 (1) (Custom)

Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски на вечерашниот митинг во Кочани истакна дека негова прва заложба како претседател е да не прави разлика меѓу луѓето од било која партија.

– Со нови луѓе, со нова политичка структура на власт верувам дека ќе се промени состојбата во држaвата. Ако не се смени ништо во државата тогаш Македонија влегува во долг еден тунел во кој нема светлост – истакна Пендаровски.

Според него, кочанскиот регион е без перспектива.

– Во Кочани и Кочанско има најголема стапка на иселеност, затоа што овој народ бега од сопствената држава. За ова мора да има причина, а тоа е сегашната гарнитура во Скопје. Најпогубно за Македонија е политиката на делби на народот – рече Пендаровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top