Неверојатен скандал се случи на крајот од средбата во Кјелце, меѓу екипите на Кјелце и на Р.Н.Ловен. Малку недостигаше да дојде до физичка пресметка меѓу двајца славни тренери, Талант Душебаев и Гудмундур Гудмундсон.
Изнервиран од „постојаните провокации“ на Исланѓанецот, Душебаев тргна кон него да се пресметува, но беше задржан од присутните.
Расправата продолжи и на прес-конференцијата по натпреварот, на која Душебаев го обвини Гудмундсон дека непристојно гестикулирал, а овој му врати дека е лажго и дека вакво нешто првпат му се случува во животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.