Голманот на Колдинг и еден од послабите поединци на завчерашната средба, Каспер Хвит, видно разочаран од резултатот во Скопје, за официјалниот сајт на Колдинг вели:
– Во Скопје игравме многу под своите можности. Во реваншот се надевам дека ќе играме многу подобро, особено во поглед на реализацијата на контанападите. Мислам дека шансите ни се сè уште 50:50 и јас се надевам дека в недела ќе славиме во арената „Трефор“ во Колдинг. Салата мора да биде исполнета до последното место и ќе ни треба поддршка во сите 60 минути, ако сакаме да оствариме вкупна победа во двомечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.