Челникот на Црвена звезда, Небојша Човиќ, имаше шокантна изјава, недостојна за поранешен премиер на една држава, по мечот меѓу Црвена звезда и МЗТ Скопје, во која вели дека Марко Тејиќ требало посилно да го удри Ѓорѓи Чековски, во инцидентот што се случи за време на дуелот од Јадранската лига.
– Тејиќ требаше да го удри Чековски уште посилно. Никој не виде дека гостинскиот кошаркар го удри претходно со лакот во глава. Тејиќ се бранеше и верувам дека ниту Чековски не очекуваше дека некој ќе му залепи шлаканица затоа што е огромен. Не сакам да се случуваат вакви работи, но ако сте удрени мора да се браните. Требаше да го удри уште посилно – е шокантната изјава на Човиќ.
Тој беше премиер на Србија „цели“ пет дена, од 12 до 16 март 2003 година, во периодот кога беше застрелан Зоран Ѓинѓиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.