| четврток, 6 декември 2018 |

„Рајмонда“ на сцената на МОБ

Во Македонската опера и балет в среда, со почеток во 20 часот, ќе биде изведена балетската претстава „Рајмонда“, еден од бисерите на балетската класика. „Рајмонда“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Во улогата на Абдурахман ќе настапи гостинот од Украина, Иван Бојко. Со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска.

„Рајмонда“ е претстава со прекрасни костими и спектакуларна сценографија што ги изработи наше ателје, под менторство на гостите од Украина: Гана Ипатиева и Андреј Злобин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top