Деновиве излезе од печат најновата, четврта по ред, стихозбирка на поетесата Сузана В. Спасовска, „Низ темјанот, еден лилјан“, во библиотеката „Огнови“.
– Станува збор за автор со изграден поетски стих и идентитет – пишува Ефтим Клетников во поговорот под наслов „Пофалба на женскиот принцип на постоењето“ укажувајќи дека токму оваа книга го потврдува тоа.
„Она што е особено импресивно во лирско-философскиот трактат на нашата поетеса во нејзината најнова поетска книга е тоа што тој како еден вид
лирски тек на свеста е изнесен интроспективно низ јас-формата на кажувањето. Таа интроспективна саморефлексија, која не само што ги открива преку себе катадневната божественост и светлина на жената, туку длаби и во архетипските митски библиски слики што ја осветлуваат изворно неа, е поетски и поетолошки функционална, духовно возбудлива и во некои песни префинета во својата интуитивна согледба и спознателност. Од светлината како основна космичка и онтолошка супстанција и симбол се извлечени сите основни деривати, метафорички, поетско-философски и идејни поими во оваа поезија, а тоа се: Љубовта, Жената, Бог, Детето, Телото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.