| четврток, 6 декември 2018 |

Забележани нови објекти во потрагата по малезискиот авион

malezija-avion-1

Австралиски авион, кој го пребарува Индискиот Океан со цел да пронајде траги од исчезнатиот „боинг 777“ на „Малезија ерлајнс“, што исчезна пред повеќе од две недели, зебележал два нови објекти, соопшти денеска австралискиот премиер Тони Абот.

Тој пред парламентот истакна дека брод на австралиската воена морнарица се наоѓа во близина на местото, каде биле забележани двата објекти, од кои едниот е со кружна форма и сива боја, а другиот е правоаголен и портокалов.

Претходно кинески авион извести дека забележал неколку различни објекти, но авион на американската Воена морнарица не успеја да ги пронајде.

Исчезнатиот малезиски авион превезувал дрвени палети, слични на тие што ги забележал австралискиот авион, изјави денеска в.д. министер за сообраќај на Малезија, Хишамудин бин Тун Хусеин.

– Но, нема никакви докази дека тоа се дрвените палети, за кои беше соопштено дека се забележани во австралискиот регион на потрагата – додаде министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top