| четврток, 6 декември 2018 |

Караници во СДСМ, Заев ветил оставка ако ги загуби изборите?

goran-kol-11-ZaevZ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ветил оставка доколку неговата партија ги загуби изборите, пишува „Дневник“.

Членовите на Централниот одбор на СДСМ биле револтирани од одлуката на раководството да побегне од соочување со граѓаните. Повеќемина од нив, како што пишува „Дневник“, сметале дека таквиот концепт е еднаков на самоубиство.

– Поради тоа, како што неофицијално дознаваме, Заев налутен заминал од состанокот за набргу да се врати, а целата атмосфера да се смири откако од него било побарано да си даде оставка ако овој концепт се покаже погрешен и ако СДСМ ги загуби изборите, на што тој се согласил. Kараници имало и поради тоа што се сметало дека одредени лица се запоставени за сметка на други. На пример, било истакнато дека Kире Наумов е предложен од скопски Аеродром, а тој не живее таму, како што било забележано и за изборот од Струга – пишува „Дневник“.

Рената Дескоска, Петре Шилегов, Маријанчо Николов, Хари Локвенец, Васко Kовачевски и Стојко Пауновски се носителите на шесте изборни единици за парламентарните избори на 27 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top