| четврток, 6 декември 2018 |

Во Чифте-амам изложба „Париз, те сакам“

париз

Во националната галерија на Македонија, Чифте-амам во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Париз, те сакам“, каде што 41 македонски уметник ќе ги изложат своите дела додека беа на двомесечен судиски престој во Меѓународниот град на уметностите во Париз.

Почнувајќи од 2002 година, Министерството за култура на Република Македонија поддржа  претставување на повеќе од 100 уметници, кои имаа можност да разменат искуства со уметници од Франција и од други држави, да контактираат и посетат институции од областа на културата во Париз и да договорат соработка со соодветни галерии.

Изложбата во Чифте-амам ќе ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top