| четврток, 6 декември 2018 |

Светот може да остане без кафе и какао

hitportal-kafe-3

Кафето би можело да исчезне до 2050 година поради глобалното затоплување, пишува „Хафингтон пост“. Климатските промени имаат последици врз земјоделството, а семето на кафето потекнува од земјите околу екваторот, зони каде што температурата расте побрзо отколку на друго место.

Светот би можел да остане и без чоколада. Повеќе од 70 отсто од какаото се произведува во Западна Африка, каде што температурата ќе се зголеми во просек за 2,3 степени до 2050 година. Цената на какаото би можела да експлодира.

Климатските промени влијаат и врз лозјата. Француските лозари веќе сега забележуваат промени, грозјето созрева порано и содржи повеќе шеќер, а помалку киселина. Доколку овој тренд продолжи, лозарите би можеле лесно да останат „технолошки вишок“.

Премногу благите зими имаат за последица помалку плодови на јаболка и помала берба. Истото важи и за кајсиите, крушките, праските и сливите.

Поради глобалното затоплување загрозени се и бананите, како и хмељот, кој е чувствителен на големото покачување на температурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top