| четврток, 6 декември 2018 |

Повреда на избирачкото право пријавете на бесплатаната линија 0800 54321

Izbiracki kutii

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија. Граѓаните можат да ги пријават неправилностите во изборниот период и на денот на гласањето на бројот 0800 54321.

Од кабинетот на Народниот правобранител соопштуваат дека телефонската линија ќе функционира секој работен ден од  8 до 16 часот и дека по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик или  снимената порака.

– Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права – се вели во соопштението од народниот правобранител.

Оттаму потсетуваат дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и  оти никој не смее да биде повикан на одговорност поради остварување на ова право. Повредата на слободата на определувањето на избирачите, како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top