| четврток, 6 декември 2018 |

Самоубиствените нагони на СДСМ

Zoran Zaev kongres sdsm 2013_043

Зошто Радмила Шекеринска и Зоран Заев бегаат од пратеничките листи како ѓавол од крст?! Бегаат од соочување со народот, а причината, веројатно, е свесноста на раководството на СДСМ за нискиот рејтинг кој го уживаат кај народот. Плашејќи се да се соочат со гласот на народот, СДСМ постави кадри коишто, по логика на нештата, никој не очекуваше да ги види. Кои се овие кадри на СДСМ кои ќе влезат во трка по гласови од народот? Од каде раководството на СДСМ довербата им ја даде на имиња кои, реално, не уживаат голема популарност кај гласачите?

Им ја даде довербата или одговорноста?! Ова прашање, всушност, е одговор на прашањето зошто СДСМ се одлучи за овие луѓе. Очигледно, претседателот Зоран Заев и потрпетседателката Радмила Шекеринска на овој начин сакаат да избегнат одговорност од поразот кој би го доживеале на овие избори. Свесни за нивниот рејтинг, на пример, според последната анкета на ЦИА, Заев има повеќе од тројно помала поддршка од Груевски, тие се обидоа да протнат имиња кои наместо нив би ја понеле одговорноста за изборните резултати, кои, според анкетите, би биле катастрофални за СДСМ. Заев, за неполна година не успеја да избегне од влијанието на екслидерот Бранко Црвенковски и да преземе конкретни чекори за стабилизирање на партијата и градење на цврста опозиција.

Zoran-Zaev-7

Практиката покажува дека никаде во светот, во ниту една земја, не се случило партија да оди на избори без своето раководство.  Нема случај лидер на опозиција да не се кандида за пратеник. Не се случило лидери на партии да не ја преземат одговорноста, товарот и обврската да ја однесат партијата на избори и да се борат за што поголема поддршка од народот. Немало партија никаде во светот во која раководството бега од избори, особено не партија која претендира на победа, партија која сака да ја урне власта и да го преземе во свои раце раководењето со државата, односно да ги освои изборите.

Чија ќе биде одговорноста за претрпениот пораз на СДСМ? Уживаат трипати помала поддршка од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Кој ќе биде одговорен за тоа – Заев и Шекеринска, кои, кога се во опасност, се кријат како ноеви кога ги кријат главите во песок.  Дали по сите афери и тендери кои излегоа на виделина, а се поврзани со личните бизис интереси на Заев и Шекеринска, свесни за својот низок рејтинг, тие решија да бегаат од изборните единици и од соочување со народот.

Кои се имињата што СДСМ ги стави за носители на кандидатските листи на претстојните избори?

Интересно е што во нормална партија, во која би била важна довербата во носителите на листите, ниту еден од нив не би добил добитна позиција ако им се мери рејтингот меѓу граѓаните. Носителите во случајов ги нема воопшто на која било анкета. Сите заено немаат ниту еден процент доверба кај граѓаните.

Повеќето од нив веќе имаат доживеано сериозен пораз од ВМРО-ДПМНЕ.

Во првата изборна единица носител е Рената Десковска – човек на Бранко Црвенковски, односно негов долгогодишен советник, што само го потврдува фактот дека влијанието на Црвенковски во СДСМ сѐ уште е присутно.

Петар Шилегов – носителот во двојка, е адвокат чие име деновиве се поврзува со афери за организирано местење тендери од кои се офајдиле голем број фирми блиски до СДСМ и раководството, а псоледниот случај беше што со негов потпис фирмата каде што сопственички удел има сопругата на Црвенковски земала тендер иако тоа било спротивно на законот.

Марјанчо Николов – носителот од тројка кој губи три изборни циклуси по ред – 2006, 2008 и 2011 година.

Хари Локвенец – носителот во четворка, човекот кој веќе еднаш доживеа директен пораз на локалните избори  како кандидат за градоначалник на СДСМ за Прилеп. Загуби со 8 илјади гласови разлика.

Васко Ковачевски – носителот во петтата изборна единица, кој како прв човек на социјалдемократите од Битола губи убедливо два изборни циклуси по ред.

Стојко Панувски – носителот во шестата изборна единица беше поразен на избори, 3 спрема 1.

СДСМ само потврди дека сите пишувања и информации дека врие во партијата се точни. Иако постојано се негираше дека постои незадоволство внатре во партијата, иако за сите вакви информации ги обвинуваа медиумите, денеска тие докажаа дека сѐ е вистина. Расколот и различните струи излегоа на виделина. Ваква катастрофална листа, веројатно, е резултат на неможноста на фракциите во партиите да ги усогласат ставовите. По ваквата одлука на СДСМ, целта на Никола Груевски, да освојат повеќе од 62 пратеника, е реална. Говорот за 62 пратеника на претстојните избори станува говор за повеќе од 63 пратеници во парламентот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top