На 28 март во Големата сала на Уралскиот музички колеџ ќе се одржи концерт на солистите од Ансамблот на Новата Музика кој делува при Свердловската Филхармонија. На програмата на проектот „Време е за слушање!“ ќе биде изведена музика на македонски и руски композитори. Еден од централните ликови на програмата е истакнатиот македонски музички деец – композитор и диригент – Гоце Коларовски кој ги обединува двете традиции (по завршувањето на Факултетот за музичка уметност во Скопје Гоце Коларовски беше на специјализацијата на Санктпетербуршкиот конзерваториум во класата на С. Слонимски). Ансамблот ќе претстави и музиката на неговите ученички – авторки на камерни и симфониски дела, музика за филм и мултимедијални проекти, Дарија Андовска и Бојана Петровиќ. Рускиот дел од концертот ги вклучува делата на композиторите чиишто имиња им се добро познати на западните слушатели од програмите на меѓународните фестивали – Сергеј Пиљутиков и Олга Викторова.
Концертот се реализира во соработка со Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, а всушност е најава за нивното учество на фестивалот “Денови на македонска музика’’. Пред неколку години македонските и руските композитори остварија соработка преку истакнатиот уметнички руски колектив – Московскиот Ансамбл на Современата Музика, а оваа пролет „штафетата“ ја продолжува Ансамблот на Новата Музика при Свердловската државна академска филхармонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претставување на аудио-визуелниот проект „Die! Goldstein“
-
Ако е зачуван јазикот и идентитетот – македонски, зошто во Брисел сме латинично makedonski, а не macedonian?
-
Нема абер од пилот проектот „Повеќе пари за граѓаните“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се пофали со проект изработен и реализиран од неговиот претходник, Коце Трајановски