Катар, домаќинот на фудбалското Светско првество (СП) во 2020 година работниците што работат на изградба на капацитетите ги третира како коњи и до почетокот на мундијалот ќе умрат 4.000 работници! До вакви катастрофално поразителни факти дошла Меѓународната конфренција на синдикати, која го објави извештајот за кршење на работничките и на човечките права по посетата на работничките кампови во Доха, главниот град на Катар.
Според податоците на индиското и стопанството на Непал, тие процениле дека повеќе од 4.000 работници би починале пред почетокот на СП, ако продолжи суровиот однос кон работниците.
Синдикатот го нарекува Катар држава со „фасадна Влада“ и тврди дека сиромашните работници, емигранти, живеат во валкани услови, работат на неподносливи жештини шест дена во неделата.
– Мажите ни кажаа дека ги третираат како животни, живеат како коњи во штали – тврди синдикатот.
Овој извештај доаѓа откако „Амнести интернешанал“ ја прозва Светската фудбалска федерација (ФИФА) да го реши проблемот со кршење на човековите права за време на изградба на објектите потребни за мундијалот.
Англиски „Гардијан“ веќе објави репортажа за смртта на десетици работници од Непал. Најмалку 44 исчезнале, а половина умреле од срцев удар. Истрагата открила дека емигрантите, поголемиот дел од југот на Азија, кои ја градат инфраструктурата на СП немаат доволно ниту вода, ниту храна.
Во петокот претседателот на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека како организација тие имаат „некаква одговорност“, но не можат да се мешаат во работничките права.
– Одговорноста е на Катар, а потоа на компаниите кои ги вработуваат работниците – изјави Блатер.
Според извештајот на Меѓународната конфренција на синдикатот, на работниците за пијалок им била понудена солена вода, а вработените често ги присилуваат да остават 275 долари капар пред да одат на одмар, како гаранција дека ќе се вратат.
Повеќе од две илјади девојки од Индонезија го напушта Катар поради злоупотреба, пишува во извештајот на синдикатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МРТ ги обезбеди правата за пренос на СП во ракомет
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)