Списокот на фирми блиски до СДСМ на кој Петре Шилегов им овозможил бизниси е се поголем тврди денеска ВМРО – ДПМНЕ.
„Денес обеледенуваме уште еден ваков скандал. Фирмата ДР Пановски чиј што основач е Златко Пановски близок до СДСМ и нивен спонзор добила јавни набавки тендери, за што конечно одлучил токму Петре Шилегов“, изјави денеска членот на извршниот комитет на владеачката партија Даниела Рангелова која рече дека Петре Шилегов буквално прераснува во главниот адвокат и портпарол на кланот Заеви и милионерите на СДСМ.
„Потписот на Петре Шилегов стои на решението со број 50-593/2 донесено на 27.12. 2004 година со кое жалбата на фирмата Биотек за набавка на вакум епрувети на ЈЗО Клинички Центар се одбива како неоснована. За најповолен понудувач на оваа јавна набавка е избран д-р Пановски. Значи со ова решение на кое што стои потписот на Петре Шилегов фирмата Др Пановски добива бизнис за набавка на епрувите за Клинички центар во период на една година“, изјави Рангелова.
Дали Петре Шилегов одлучувал во полза на Др. Пановски заради тоа што ќерката на д-р Пановски е блиска пријателка на Радмила Шекеринска, прашува ВМРО – ДПМНЕ?
На документ објавен од Рангелова се гледа решението со број 46-764/2 кој го потпишал Петре Шилегов се одбива жалбата на фирмата Реплек за отворениот повик бр 104/4 за набавка на потрошен материјал за Клинички центар Скопје поточно за Институтот за срцеви заболувања и за најповолен понудувач се избира фирмата чиј сопственик е спонзор на СДСМ- веледрогеријата ДР Пановски.
Рангелова вели дека таков е случајот и со решението со број 46/800-2 со кое со потписот на Петре Шилегов се одбива жалбата на Инел Медика Скопје за јавна набавка за потребите на Институтот за клиничка биохемија со што за најповолен понудувач се избира повторно дрогеријата ДР Пановски. Погледнете само со еден потпис на Шилегов, ДР Пановски добива значаен бизнис.
Жалбата на фирмата Инел Медика била одбиена уште во еден случај каде Шилегов со решението број 46-989/2 ја одбива жалбата за јавна набавка за потребите за Клиниката за детска хирургија и за најповолен понудувач е избрана фирмата Пановски. Повторно и на ова решение стои потписот на Петре Шилегов.
Потписот на Шилегов стои и на решението со број 46-748/2 за набавка на тест траки за урина за Клиничкиот центар-Скопје со кое се одбива жалбата на Веста Дрогерија Скопје со образложение дека е неоснована, и за најповолен понудувач е избран ДР Пановски.
Петре Шилегов овозможува и бизнис на Др Пановски со решението со кое ја одбива жалбата со број 46-1621/2 на Одеони Медикал Доо Скопје за јавната набавка за потрошен материјал на Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир. Повторно образложението е дека жалбата е неоснована.
Почитувани, ова се документите до кои ние дојдовме. Тука се е јасно. Ова се решенијата со кој Шилегов овозможил бизниси на уште една фирма во сопственост на спонзор на СДСМ. Ова е неговиот потпис. Ова насочува кон сомнеж дека станува збор за организирано доделување на тендери на фирми блиски на СДСМ. Да потсетиме дека воглавно тоа е периодот кога Владо Димов е министер за здравство кој инаку беше осуден за даночно затајување и тоа е периодот кога дел од набавките во министерството за здравство се набавувани во 4 очи без тендерска постапка, а онаму каде таа била спроведена, од документите до кои стигнавме се гледа дека многу често победник е оваа фирма која е блиска до СДСМ.
Рангелова објави 6 решенија потпишани лично до Петре Шилегов и го повика да одговорите уште колку вакви решенија потпишал со кој сте овозможиле бизниси на фирмата д-р Пановски и дали не е сомнително што секогаш кога фирма блиска до СДСМ се јавува на тендерите, таа веднаш со ваш потпис е избрана за најповолен понудувач?
Од Шилегов уште се бара да каже каква е врската Пановски СДСМ која што ја штител и дали ваквиот ваш начин на работа е одговор на несразмерно големиот имот и дали овие решенија се рецептот како се стигнува до трокатна куќа, стан од 88 м2 и два автомобили ауди и мерцедес во услови кога Шилегов и неговата сопруга пријавиле дека земата минимална плата?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?








