| четврток, 6 декември 2018 |

Туна ужива на Јамајка (ФОТО)

По победата на нејзиниот кандидат на албанската верзија на „Икс-фактор“, македонската пејачка Туна Седјиу замина на заслужен одмор на Јамајка.

Туна, која неодамна ја промовираше својата нова песна „Бејби“ и ги заврши обрските како жири на оваа сезона на „Икс-фактор“, веќе една недела ужива на плажите на Јамајка заедно со нејзиното момче Козман.

Козман, и самиот познат рапер во Албанија, и музички соработуваше со Туна на нивниот досега најголем хит, „Феникс“, кој на „Јутјуб“ има повеќе од 17 милиони прегледи.

tuna 2 tuna 3 tuna 4 tuna 5 tuna 6 tuna 7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top