| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК го одби приговорот на ДУИ

dik2014 (10)

Државната изборна комисија (ДИК) го одби приговорот на ДУИ со кој се бараше да се проверат 453 гласачи кои фигурираат во избирачкиот список, а десетици од нив имаат пријавено иста адреса на живеење, јави Нова ТВ. Тројца од ДИК гласаа „за“, исто толку беа „против“ и еден воздржан.

Според преговорот од ДУИ, во скопската општина Центар, Ресен и во Кичево, на иста адреса се пријавени и по 43 лица. Овие 453 гласачи, според ДУИ, побарале да гласаат како дијаспора и во амбасадата во Тирана.

Партијата на Али Ахмети во рок од 24 часа има право на приговор за одлуката на ДИК до Управниот суд.

Одлуката на Државната изборна комисија доаѓа по продолжението на попладневната  седницата која беше прекината поради барањето на потпретседателот Себхи Јакупи, од МВР да извршат увид на 10 случајно избрани имиња и нивното живеалиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top