| четврток, 6 декември 2018 |

Гонзалес: Со европскиот шампион внимателно во сите елементи од играта

В сабота, во 18 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ македонскиот ракометен шампион го игра првиот натпревар од осминафиналето против европскиот шампион Хамбург. На само два дена од големиот меч, тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, предупреди дека во Скопје доаѓа еден од најдобрите тимови во Европа.

Во сите сегменти од играта треба да влеземе максимално подготвени и концетрирани. Играме против еден од најдобрите тимови во Европа, кој е актуелен европски шампион. Хамбург е многу силен на сите позиции во тимот. Треба да играме стрплива игра со долги напади и со многу малку технички грешки. Тие знаат да ги искористат игрите и со брза игра да направат солидна предност. Се работи за тим кој има многу светски ѕвезди и покрај Дувњак и Канељас беспрекорно функционираат на сите позиции. Имаме повеќе тактики и во зависнот од тоа како ќе се одвива натпреварот на теренот, таква и ќе примениме. Нема да поставиме одбрана само на овие двајца играчи бидејќи опасноста во одбраната доаѓа од секаде. Подготвени сме максимално и се надевам дека ќе ја израдуваме нашата публика и цела Македонија со победа било тоа да биде и минимална. Енергијата која ја добиваме од трибините ќе ја искористиме за да ја пренесеме на теренот – изјави Раул Гонзалес, тренерот на РК Вардар.

Натпреварот се игра в сабота, во 18 часот, во СЦ „Борис Трајковски“, а вратите од салата ќе биде отворени од 16.45 до 17.45 поради безбедносни причини. Вардар упатува молба до сите кои имаат обезебедено билет на натпреварот да дојдат навреме и да ги заземат своите места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top