Неколку сефа со повеќе предмети како икона, боздоган, меч, секира, скриени брошови, се пронајдени вчера кај златарот, кој е дел од осомничените и приведен за кражбата на вредни предмети во Музејот на Македонија.
Според првичните информации, полицијата ги пронашла сефовите во охридски Лескоец, а откако ги отворила, внатре се пронајдени набројаните предмети и други предмети.
Полицијата дополнително ќе утврдува преку вештачење дали пронајдените предмети во сефовите се дел од исчезнатите од Музејот на Македонија, дали потекнуваат од евентуално други кражби или, пак, осомничениот за нив поседувал соодветна документација.
Повеќе детали за овој случај од МВР се најавени за подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Модна ревија во Музеј на Македонија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“
-
Отворање на изложбата „Духовите на Африка – Ритуална западноафриканска уметност“