| четврток, 6 декември 2018 |

Јавност vs опозиција

Пос­лед­на­та ан­ке­та на ИПИС иа­ко, на­ви­дум, не до­не­се ни­што но­во, откри не­кол­ку важ­ни ин­фор­ма­ции по­вр­за­ни не са­мо со од­но­сот на си­ли­те пред пре­стој­ни­те пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни и ре­дов­ни пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри, ту­ку и за ид­ни­на­та на по­ли­тич­ки­те од­но­си во зем­ја­ва. Вни­ма­тел­на ана­ли­за на број­ки­те ќе по­ка­же де­ка по­крај ве­ќе тра­ди­ци­о­нал­ни­от со­од­нос во про­цен­ти ме­ѓу две­те нај­го­ле­ми пар­тии, на мар­ги­ни­те на нив­на­та би­тка се слу­чу­ва­ат трен­до­ви што се це­лос­но спро­тив­ни на те­зи­те на не­кои пар­ти­ски цен­три

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Пос­лед­на­та ан­ке­та на Ин­сти­ту­тот за по­ли­тич­ки истра­жу­ва­ња (ИПИС), пра­ктич­но, ја по­твр­ди си­ту­а­ци­ја­та од октом­ври 2012 го­ди­на, ко­га бе­ше за­бе­ле­жа­на иста­та раз­ли­ка ме­ѓу две­те во­деч­ки пар­тии од шест про­цен­ти или 22,5 нас­пре­ма 16,5. Единс­тве­на­та раз­ли­ка од то­гаш е што ме­сто то­гаш­ни­те 22,5 про­цен­ти се­га ВМРО-ДПМНЕ има 24,5 од гла­со­ви­те, до­де­ка кај СДСМ то­гаш­ни­те 16,5 про­цен­ти се­га се 17,4. Ва­кви­от тренд раз­ли­ка­та да оста­не приб­лиж­но иста, а пар­ти­и­те да има­ат за по два про­цен­та по­ве­ќе под­др­шка, се дол­жи на сѐ по­го­ле­ма­та по­дел­ба на по­ли­тич­ка ос­но­ва. Се раз­би­ра, ва­кви­от со­од­нос е мно­гу по­по­во­лен за  вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја, ко­ја вле­зе во ос­ма­та го­ди­на од сво­е­то вла­де­е­ње, што е ап­со­лу­тен ре­корд на Бал­ка­нот. Зго­ле­му­ва­ње­то на до­вер­ба­та, при што раз­ли­ка­та оста­ну­ва иста, не е од ни­ка­ква ко­рист за опо­зи­ци­ја­та, осо­бе­но што во пре­диз­бор­на­та кам­па­ња, ко­ја не мо­же да про­ме­ни ни­што дра­ма­тич­но, вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја вле­гу­ва со мно­гу по­сил­ни аду­ти. Пра­ктич­но, до­вол­но е во те­кот на кам­па­ња­та ВМРО-ДПМНЕ да про­мо­ви­ра са­мо не­кол­ку од нај­а­ве­ни­те де­се­ти­на стран­ски ин­ве­сти­ции за да от­пад­нат нај­го­ле­ми­от дел од ар­гу­мен­ти­те на СДСМ. Де­ка на по­ли­тич­ка­та сце­на и, со­од­вет­но на тоа, кај реј­тин­зи­те не­ма се­ри­оз­ни прид­ви­жу­ва­ња по­ка­жу­ва уште ед­на ан­ке­та на ИПИС од пред ло­кал­ни­те из­бо­ри во 2013 го­ди­на, ко­га на ВМРО-ДПМНЕ му се пред­ви­ду­ваа 450.000 гла­со­ви, нас­про­ти 290.000 за опо­зи­ци­ја­та, и во таа ан­ке­та со­од­но­сот е 23,5 про­цен­ти спре­ма 16,5 про­цен­ти во ко­рист на вла­ста, или раз­ли­ка од се­дум про­цен­ти.

Kolumna-80-2

Табела од mkd.mk

 

Кан­ди­да­ти­те за пре­тсе­да­тел, се­пак, не се по­сил­ни од пар­ти­и­те?

Во ан­ке­та­та на ИПИС, ко­ја е пра­ве­на врз ос­но­ва на исти па­ра­ме­три и при­ме­ро­ци ка­ко таа од 2011 го­ди­на, нај­ин­те­ре­сен е де­лот за до­вер­ба­та во кан­ди­да­ти­те за пре­тсе­да­тел. Спо­ред неа, ду­ри 29,3 про­цен­ти од ан­ке­ти­ра­ни­те 1.113 пол­но­лет­ни гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја, до­кол­ку из­ле­зат да гла­са­ат на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, ќе го да­дат сво­јот глас за акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел Ива­нов. За кан­ди­да­тот на СДСМ би гла­са­ле 19,4 про­цен­ти, за кан­ди­да­тот на ДПА Или­јаз Ха­ли­ми шест про­цен­ти, а за Зо­ран По­пов­ски од ГРОМ 1,5 про­цент. Тоа што е нај­ин­те­рес­но кај си­те че­тво­ри­ца е што, мо­же­би, за прв­пат во пос­лед­ни­ве два­е­сет го­ди­ни си­те кан­ди­да­ти­те за пре­тсе­да­тел има­ат по­го­ле­ма по­тен­ци­јал­на гла­сач­ка ба­за од пар­ти­и­те што ги кан­ди­ди­ра­ле.

Ако се спо­ре­дат про­цен­ти­те што ги до­би­ле кан­ди­да­ти­те со до­вер­ба­та во пар­ти­и­те ќе се ви­ди де­ка Ива­нов има пет про­цен­ти по­ве­ќе по­тен­ци­јал­ни гла­са­чи од до­вер­ба­та што ја има ВМРО-ДПМНЕ, Пен­да­ров­ски има два про­цен­та, Ха­ли­ми 2,2, до­де­ка По­пов­ски 0,4 про­цен­ти по­ве­ќе од реј­тин­гот на ГРОМ. Ако се пре­тво­рат овие про­цен­ти во број на гла­са­чи (на из­би­рач­ки­от спи­сок има по­ве­ќе од 1.700.000 гра­ѓа­ни) се до­би­ва број­ка од око­лу 170.000 гла­са­чи. Се раз­би­ра, нај­че­сто ре­чи­си ед­на­та по­ло­ви­на од овие лу­ѓе, пре­теж­но сим­па­ти­зе­ри на ау­тсај­де­ри­те, не из­ле­гу­ва­ат на гла­са­ње, но, се­пак, и пре­о­ста­на­та­та ед­на по­ло­ви­на е се­ри­оз­на број­ка, ко­ја по­ка­жу­ва де­ка, ге­не­рал­но, ка­ко што е ред во на­пред­ни де­мо­кра­тии, но и на ло­кал­ни­те из­бо­ри во 2013 го­ди­на, при гла­са­ње на ли­сти­те за гра­до­на­чал­ни­ци, лич­но­сти­те има­ат по­го­лем про­стор за ани­ми­ра­ње на гла­сач­ко­то те­ло, осо­бе­но ако се ло­ги­стич­ки под­др­жа­ни од се­ри­оз­ни пар­тии.

Kolumna-80-3

Табела од mkd.mk

 

„При­вр­зо­кот на вла­да­та“ има 85.000 „свои“ сим­па­ти­зе­ри

До­де­ка опо­зи­ци­ја­та ја ко­ри­сте­ше ан­ке­та­та на ИПИС за да по­ен­ти­ра со твр­де­ње­то де­ка Ива­нов е по­по­пу­ла­рен од Гру­ев­ски, не ви­де де­ка, всуш­ност, таа ја ур­на нив­на­та глав­на те­за во вр­ска со пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. Иа­ко нес­по­ред­ли­ви за­тоа што се ра­бо­ти за раз­лич­ни пра­ша­ња, пет­те про­цен­ти по­ве­ќе што ги до­би Ива­нов од ВМРО-ДПМНЕ и од ли­де­рот Гру­ев­ски по­ка­жу­ва­ат де­ка се­гаш­ни­от шеф на др­жа­ва­та ужи­ва под­др­шка и кај ре­чи­си 90.000 лу­ѓе што не се по­ја­ву­ва­ат ме­ѓу по­тен­ци­јал­ни­те гла­са­чи на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја. Пра­ктич­но, си­те овие лу­ѓе не се сог­ла­су­ва­ат со ста­вот на СДСМ де­ка Ива­нов не­ма сво­ја по­ли­ти­ка или, пак, сме­та­ат де­ка е до­бро што пре­тсе­да­те­лот, за раз­ли­ка од вре­ме­то на Цр­вен­ков­ски, е во по­сто­ја­на ка­ра­ни­ца со из­врш­на­та власт.

Иа­ко кај Пен­да­ров­ски, кој, на­ви­дум, ја има под­др­шка­та од го­лем број не­о­пре­де­ле­ни Ал­бан­ци, би тре­ба­ло овој про­цент да би­де по­го­лем, тој има са­мо два про­цен­та по­го­ле­ма до­вер­ба од не­го­ва­та пар­ти­ја. Со ог­лед на тоа што по не­га­тив­на­та кам­па­ња од ДУИ про­тив Ива­нов и та­кти­ка­та со ко­ја Пен­да­ров­ски се прет­ста­ву­ва ка­ко обе­ди­ни­тел што на сво­ја стра­на ги по­ви­ку­ва си­те гра­ѓа­ни што се про­тив оваа власт, а не са­мо сим­па­ти­зе­ри­те на СДСМ, ло­гич­но би би­ло да има ба­рем ед­на по­ло­ви­на по­ве­ќе од реј­тин­гот на пар­ти­ја­та. Ако се су­ди спо­ред со­ци­јал­ни­те мре­жи, тие два про­цен­та во нај­го­лем дел се Ал­бан­ци што не­ма да го пос­лу­ша­ат по­ви­кот на ДУИ да не се гла­са за кој би­ло ма­ке­дон­ски кан­ди­дат или тра­ди­ци­о­нал­но не­о­пре­де­ле­ни гла­са­чи, кои во Пен­да­ров­ски гле­да­ат ви­стин­ски кан­ди­дат.

Нај­го­лем по­бед­ник, ба­рем спо­ред ан­ке­та­та на ИПИС, е Или­јаз Ха­ли­ми од ДПА, кој до­бил ед­на тре­ти­на по­ве­ќе од до­вер­ба­та што ја има не­го­ва­та пар­ти­ја на оваа ан­ке­та. Се раз­би­ра, од ДУИ ја отфр­ла­ат ка­ко не­точ­на, но ако се зе­ме пред­вид де­ка во кон­ку­рен­ци­ја со ма­ке­дон­ски кан­ди­да­ти нај­го­лем дел од АЛ­бан­ци­те би гла­са­ле за сво­јот, таа и не мо­ра да би­де со­се­ма не­точ­на, ба­рем ко­га се иска­жу­ва под­др­шка или пре­фе­рен­ции за гла­са­ње, а да­ли тоа ќе се ефе­кту­и­ра оста­ну­ва да ви­ди­ме на 13 и на 27 април.

 

Kolumna-80-4

ДУИ гу­би со из­бо­ри­те

Ако во ма­ке­дон­ски­от блок збо­ру­ва­ме за кон­стан­ти што се по­вто­ру­ва­ат на се­кои две го­ди­ни, во ал­бан­ски­от блок, спо­ред ан­ке­та­та, се по­ја­ву­ва еден тренд, кој поз­на­ва­чи го об­јас­ну­ва­ат со до­ми­нант­ни­от став кај ал­бан­ски­те гла­са­чи де­ка Ах­ме­ти е во до­го­вор со Гру­ев­ски и де­ка игра по но­ти­те на ко­а­ли­ци­ски­от парт­нер. Име­но, за прв­пат по по­дол­го вре­ме реј­тин­гот на ДУИ па­ѓа под се­дум про­цен­ти, што, мо­же­би, мо­же да се об­јас­ни со мар­ги­на на гре­шка, но, во су­шти­на, за мно­гу­ми­на е ло­ги­чен тренд за­тоа што го­лем број од Ал­ба­ни­ци­те не ве­ру­ва­ат де­ка ДУИ, на­ви­сти­на, са­ка пред­вре­ме­ни из­бо­ри.

За сре­ќа на ДУИ, и ли­де­рот Та­чи са­ми­от соз­да­де при­чи­на за не­за­до­волс­тво кај дел од не­го­ви­те по­тен­ци­јал­ни гла­са­чи во ал­бан­ски­от блок. По­га­зу­ва­ње­то на из­ја­ва­та де­ка ДПА не ја ин­те­ре­си­ра­ат пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри и де­ка не­ма да кан­ди­ди­ра свој пре­тен­дент за шеф на др­жа­ва­та и јав­на­та се­ден­ка со ше­фот на тај­на­та по­ли­ци­ја кај мно­гу Ал­бан­ци пре­диз­ви­ка по­де­ле­ни чув­ства, кои ќе ста­нат јав­ни на де­нот на из­бо­ри­те – 27 април.

 

Реј­тин­гот на За­ев рас­те, Гру­ев­ски во­ди 2:1 про­тив цел СДСМ

Кај реј­тин­гот на ли­де­ри­те нај­ин­те­ре­сен мо­мент е што про­дол­жу­ва бла­го да рас­те реј­тин­гот на Зо­ран За­ев, кој пре­тсе­да­тел­ска­та функ­ци­ја во СДСМ ја пре­зе­де со мал­ку по­ве­ќе од че­ти­ри про­цен­ти, а се­га има 8,4. Тоа што е ло­шо и за не­го и за не­го­ва­та пар­ти­ја е што тој за­ед­но со дру­ги­те трој­ца нај­и­стак­на­ти опо­зи­ци­ски по­ли­ти­ча­ри од ан­ке­та­та на ИПИС – Цр­вен­ков­ски (1,8 про­цент), Ше­ке­рин­ска (2,1 про­цен­ти) и ли­де­рот на ЛДП Жер­нов­ски (0,4 про­цен­ти) има­ са­мо ед­на по­ло­ви­на од до­вер­ба­та што кај гра­ѓа­ни­те ја има ли­де­рот ВМРО-ДПМНЕ и пре­ми­ер Ни­ко­ла Гру­ев­ски (24,3 про­цен­ти).

 

(објавено во 80. број на неделникот „Република“, 14.03.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top