Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наредил на министерот за одбрана Моше Јаахону да ја подготви војската за можен воен напад на иранските нуклеарни постројки.
И покрај преговорите кои се водат меѓу Западот и Иран, Нетанјаху наредил на одбранбените сили на Израел да се подготват за можен напад одобрувајќи им за тоа буџет од 2,89 милијарди долари.
Според весникот Хаарец, овие наредби паднале за време на состанокот на одборот за одбрана во Кнесет минатиот месец, а информацијата ја откриле три неименувани официјални лица кои учествувале на состанокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.