| четврток, 6 декември 2018 |

Золвизам не е непотизам

Деновиве ме воодушеви креативноста на Рада околу семејните врски и сватовски традиции. Во ред, свадбата може да е многу досадна ако не си уникатен, тука се обидуваш да ги задоволиш гостите од твојата страна, сфатовштината, золвето.. И тоа делење бовчи е тотално демоде работа, па видов дека всушност Рада всушност решила да го поткрене тој примитивизам на повисокот ниво. Тоа се тие луѓе трендсетери, пионери во инвентивноста, европски интегрирани…На золва и место бовча и дала работа! Поуникатно, здравје! Не нешто важно, така општо нешто од типот Раководител на Сектор за општи работи и буџет. Редот е дека треба нешто и на братучедите да се даде, па решила на нив по некој тендер да им подели да не плачат по фамилија. Така некако милина околу срцето ми доаѓа кога ќе видам дека некои фамилии одлично се надополнуваат меѓу себе. И да не ги мешаме работите непотизам не е исто што и золвизам.

Вртам по телевизија да фатам уште некоја бовча и кога таму флешбек од младоста: Љубчо што Скопје ќе го праеше Благоевград. Се тече се се менува само Љубчо се уште мисли дека е политичар. Харесва ми тоа што ќе гласал за Стево само многу се плашам да не се скараат околу предлозите за името, не сакам да расипат пријателство за така небитна работа од типот крштевка. Љубчо на неговото гостување во бугарската телевизија БНТ порача дека „Северна Македонија не е ништо страшно“. Всичко таман Љубчо. Стево пак има сосема друг став, тој како прав кум не сака да го открие името се додека не се реши зад затворени врати далеку од јавноста.  Многу нормално е јавноста да не учествува, менување на име е сосема рутинска работа, а и има нешто убаво во изненадувањето.

Се надевам пред избориве ќе спомне Стево нешто околу имево, откако ќе заврши со фото шутингот на постери и останати слики за Фејсбук. А го влече фото моделството, супер изгледа со статистиве околу, партиски волонтери или по ново Фејсбук поддржувачи, топ си кисче. Единствено ми е малку жал што не му даваат да збори па стои како млада невеста до стројник додека други го фалат во обраќања кон јавноста. Други зборат наместо него, други му ги водат социјалните медиуми, други одговараат на прашања…Ако и претседателски мандат замислуваат како Фејсбук кампања ќе биде весело. Еве на неговиот профил објавија „Македонската јавност знае дека во 2001 година кога беше најтешко бев секојдневно на екраните и не бегав никаде“. Јас навистина не знам како до сега не крстивме две училишта по Стево за ова невидено патриотско дело. Овој херојски подвиг каде Стево храбро стоел секојдневно пред екраните треба да ни биде пример за тоа како треба да се однесуваме во време на немири. Стево сликај се, супер ти оди. Лајк.

Мила ем весела

Мила ем весела

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top