| четврток, 6 декември 2018 |

„Матица“ го промовира романот „Посмртна венчавка“ од Паскал Гилевски

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексkлузив“ утре напладне, ќе биде промовиран романот „Посмртна венчавка“ од Паскал Гилевски, во издание на „Матица македонска“. За најновото дело на познатиот македонски писател ќе говори проф. д-р Златко Жоглев, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.

-Во романот „Посмртна венчавка“ писателот пишува за необичната судбина на двајца прогонети од родниот крај во Егејска Македонија, маж и жена, кои минуваат низ пеколот на крвавата Граѓанска војна во Грција, чувствувајќи ги врз своја кожа ужасите на делбите и преселбите. Нивната семејна драма ќе кулминира откако ќе почине сопругот, со што ќе се отвори уште еден јаз, уште една драма во драмата: прашањето за докажување на нивната брачна заедница, кое останатите членови на семејството ќе ги втурне во жестокиот вител на кафкински устроените судски инстанци, констатира Раде Силјан во рецензијата за ова ова дело. Паскал Гилевски е автор на осум романи, на пет збирки со раскази и на четири поетски книги. Има преведено над двесте книги од унгарски, грчки и француски на македонски јазик. За своето богато творештво добитник е na високи книжевни и општествени признанија, меѓу кои и на државната награда „23 Октомври” за животно дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top