| четврток, 6 декември 2018 |

Кога на СДСМ Твитерот „Ворд“ е социјална мрежа

Пендаровски се допишува преку Социјална мрежа- Ворд

Пендаровски се допишува преку Социјална мрежа- Ворд

СДСМ кампањата на Стево Пендаровски ревносно ја води преку социјалните мрежи. Но забораваат дека и јавноста знае што се и кои се „социјални медиуми“, а што е – програма за пишување текст.
Така, во последниот обид преку Твитер да се покаже „близок до народот“, се објавува слика на Пендаровски како пишува текст во Ворд на лаптоп во автомобил, а во објаснение на сликата пишува „На враќање од Битола. Преглед на сите прашања и коментари на социјалните медиуми. Ви благодарам што ми пишувате“.
И кога ароганцијата е толкава да не се направи фотографија на која на компјутерот да е барем отворена некоја социјална мрежа, тогаш на место се и коментарите токму на социјалните мрежи.
„Е, арно шо ни кажа дека и Ворд е социјален медиум… Незнаевме ние.. на Буба Мара во 2015 ти следува награда за откритие на годината, ич да не се секираш…“

word sicijalna

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top