| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски парадокс, ЖРК Вардар на фајналфор во ЛШ, костурот на репрезентацијата ни е од Металург

Вистински парадокс ни се случува во женскиот ракомет, што се презентира низ примерот на македонската репрезентација, која се подготвува за двата квалификациски дуели против Русија на 26 и на 29 март, најпрво во Ростов, а потоа во Скопје.

Селекторот Ристо Магдинчев повика дури 13 ракометарки на ЖРК Металург, а само една од шампионот ЖРК Вардар, тим што обебзеди и настап на завршниот турнир во Лигата на шампионите и на 3 и 4 мај ќе се бори за престижната европска титула. Проблемот е што во Вардар грото ракометарки се од странство, па само Ивана Саздовски се најде на списокот на Магдинчев за двомечот со Русија.

Затоа од редовите на вицешампионот Металург има поеќе од две третини од вкупниот број репрезентативки или точно 13 од вкупно 18 што ќе конкурираат за место во нашата селекција.

Еве го комплетниот список на репрезентативките за мечевите против Русија:

Голмани:
1. Антиќ Наташа (ЖРК Металург)
2. Зафирова Ивана (РК Кастриоти, Косово)

Крила:
3. Саздовска Јована (ЖРК Металург)
4. Митрова Драгица (ЖРК Металург)
5. Николовска Симона (ЖРК Металург)
6. Ристовска Сара (ЖРК Металург)

Бекови:
7. Ливриниќ Елена (ЖРК Металург)
8. Јовановска Дајана(ЖРК Металург)
9. Саздовски Ивана (ЖРК Вардар)
10. Ѓорѓиевска Елена (Будуќност, Црна Гора)
11. Белеска Андреа (ЖРК Металург)
12. Величковска Габриела (ЖРК Металург)
13. Ѓорѓиевска Душица (ЖРК Металург)
14. Гроздановска Симона (ЖРК Металург)
15. Десподовска Зорица (Луги, Шведска)
Пикери:
16. Мечевска Робертина (ЖРК Металург)
17. Младеновска Наташа (ЖРК Металург)
18. Илкова Ленче (Ушкудур БСК, Турција)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top