| четврток, 6 декември 2018 |

Награда за Александар Поповски во Целје

Македонскиот театарски и филмски режисер Александар Поповски ја доби наградата за најдобра режија на фестивалот „Денови на комедијата“, кој секоја година се одржува во Целје, Словенија.

559574_10151861025519638_1123361907_n

На овој фестивал, на кој учествуваат селектираните словенечки театри, годинава за најдобра претстава е прогласена претставата на СНГ Љубљана, „Мистерија Буфо“ од Владимир Мајаковски, а во режија на Александар Поповски.

1625576_655244967873085_530892654_n

Наградата за најдобра актерка ја доби Маса Дерганца, а наградата за најдобар актер Клемен Слакоњаза.
Александар Поповски ја доби и наградата од словенечката публика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top